„Боко Харам“ ќе ги убие сите кои се обидуваат да ги ослободат киднапираните девојчиња

Од:

Терористичката организација „Боко Харам“ се закани дека ќе ги убие сите кои се обидуваат да ги ослободат киднапираните девојчиња.

– Нема да ги ослободиме девојките додека од затворот на неверниците и американските платеници во Нигерија не ги пуштат нашите браќа, вели ексклузивно за загрепскиот весник „Вечерњи лист“ Мохамад Дијатек Аба Обајда, еден од портпаролите на организацијата „Боко Харам“, која е поврзана со Ал каеда.

– Сите ќе одиме во рајот – девојките дека сега се муслиманки, а ние дека ги преобративме во ислам, вели тој.

– Децата никогаш нема да ги најдете, дури ниту со помош на американските летала. Било каков воен обид за ослободување на децата ќе заврши со нивна смрт, бидете сигурни во тоа. Како што вели нашиот лидер, ние всушност сме ги ослободиле. А знаете како? Станаа муслиманки и ќе одат во рајот кога ќе умрат, нагласи членот на терористичката организација Аба Обајда, додавајќи дела киднапирања ќе има уште додека нивните браќа се во затвор.

Во меѓувреме, се појави снимка на која се прикажани стотина девојчиња облечени во хиџаб како рецитираат делови на Куранот и се молат.

Портпаролот на нигериската Влада вели дека Владата ги разгледува сите опции, па дури и ослободување од затвор на членови на терористичката група кои се осудени на долгогодишни затворски казни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он