Нигериската исламистичка организација Боко Харам киднапираше синоќа 30-тина жени во североисточниот дел на Нигерија, на истото подрачје, на кое кон средината на април беа киднапирани повеќе од 200 девојчиња од средно училиште.
Очевидци денеска изјавија дека жените се киднапирани од едно место во Чибоку и оти Боко Харам бара стока во замена за нивно ослободување.
Во Лондон вчера почна четиридневен самит за спречување на сексуалното насилство во вооружените судири. Учесниците на собирот ќе се фокусираат на киднапирањето на нигериските ученички.
Боко Харам со киднапирањето на ученичките го сврте вниманието на меѓунаодната јавност на проблемот на насилството врз жените во конфликтните подрачја.