Исламистичката група Боко Харам ја презеде денеска одговорноста за киднапирање на 276 ученички во средината на април на североистокот на Нигерија.
– Ги киднапирав вашите ќерки, рече шефот на Боко Харам Абудакар Шекау во 57-минутната видео-снимка.
Над 300 ученички на 14 април се киднапирани од училиште во Чибоку, во државата Борно, од кои 276 се уште не се ослободени, а 53 успеале да побегнат.
Според непотврдени извештаи на локалните лидери во Чибоку, девојчињата се одведени преку нигериската граница со Чад и Камерун и продадени се како невести за помалку од 12 долари.