Во нападот на островот Карамга, на езеро Чад, за време на викендот, припадници на терористичката група Боко Харам уби поголем број луѓе, а тие кои се обиделе да се спасат криејќи се во куќите беа живи запалени.
Припадниците на Боко харам пристигнале на 25 април на островот и прво се судриле со нигериските владини сили, а потоа почнале да убиваат цивили.
Преживеан очевидец тврди дека терористите пукале врз луѓето кои се обиделе да се скријат во езерото. Тој тврди дека Боко харам се повлекле попладнево откако еден нигериски воен авион почнал да бомбардира. Тие со себе повеле одреден број на жени и деца.
Во нападите на Боко харам од 2009 година загинале повеќе од 13.000 луѓе, пред се во северниот дел на Нигерија, а од 2013 година се почесто се напаѓани и соседните држави.