Бојкотот на Израел – од исмејување до успех

Од:

Иако идејата, како и одредени акции во врска со бојкотот на Израел се потенцираат уште од 40-тите години од минатиот век, јасно формулираното барање ќе се појави дури во почетокот на 21 век. Британската брачна двојка, професорката Хилари и професорот Стивен Роуз, во отворено писмо, објавено на 6 април 2002 година во Гардијан побарале прекин на сите научни и културни врски внатре во ЕУ со израелските универзитети. Барањето наскоро ќе биде познато како повик на академски бојкот на Израел. Стивен и Хилари Роуз во Гардијан на 15 јули 2002 година објаснуваат дека изборот на граѓанското општество, во кое спаѓаат и научниците, е да молчат и да не прават ништо или да се обидуваат да извршат притисок.

Завршуваат со пораката на Дезмонд Туту кој изразувајќи поддршка на бојкотот го цитираше Мартин Лутер Кинг: – Нашите животи почнуваат да завршуваат оној ден кога ќе премолчиме за важни работи.

Идејата за бојкотот доби нов замав во 2004 година, кога на растечкото меѓународно движење за ненасилен бојкот се приклучи група палестински професори и интелектуалци почнувајќи Палестинска кампања за академски и културен бојкот на Израел (PACBI).

Конечно, повикот на палестинското граѓанско општество од 9 јули 2005 година се смета за историски важен настан, како почеток на глобалната кампања BDS – Boycott, Divestment, Sanctions, т.е. Бојкот, неинвестирање, санкции.

Иако идејата, како и одредени акции во врска со бојкотот на Израел се потенцираат уште од 40-тите години од минатиот век, јасно формулираното барање ќе се појави дури во почетокот на 21 век. Од меѓународното граѓанско општество и сите совесни луѓе побарано е да ја поддржат кампањата по примерот на бојкотот кој се применуваше против Јужна Африка во времето на апартхејдот. Се очекува вршење на притисок на сопствените држави со цел за наметнување на ембарго и санкции за Израел. – Поради правда и вистински мир, поддршка е побарана и од совесните Израелци. Зад повикот стоеја 170 палестински организации претставувајќи ги Палестинците од Западниот брег, од Газа, денешниот Израел и дијаспората. Поради сложеноста на акцијата, на веб страната BDS, како и палестинските кампањи за академски и културен бојот на Израел PACBI, многу детално се објаснети причините и деталите во врска со сите принципи и форми на бојкотот.

Како услов за прекин на бојкотот наведени се три барања: Да се заврши окупацијата и колонизацијата на сите арапски територии и да се урне ѕидот; Признавање на основните права на арапските и палестинските граѓани на Израел на полна рамноправност; Да се почитуваат, заштитуваа и поттикнуваат правата на палестинските бегалци на враќање во нивната татковина и на нивната сопственост согласно со резолуцијата 194 на ОН. Третата точка во повеќе наврати произведе и расправи внатре во групите кои суштински ја поддржуваат BDS поради страв дека може да се искористи за целосна делегитимизација на Израел.

И без наведената точка, идејата на BDS предизвика лавина од критики и напади. Со цел за борба против академскиот бојкот на Израел, уште во 2002 година основано е AFI (The Academic Friends of Israel), а во компромитација на движењето се вклучија покрај израелската влада, многу други здруженија и поединци. Од самиот почеток поборниците на идејата за бојкот се обвинуваат за антисемитизам, па дури и негирање на Холокаустот притоа целосно негирајќи го фактот дека многу BDS активисти исто така се Евреи и државјани на Израел.

СТРАВ ОД СОПСТВЕНОТО МИСЛЕЊЕ?

Уште во почетокот на 2004 година гостувајќи на Би-Би-Си, стравот дека Израел може да биде изложен на меѓународен бојкот, според примерот на тој кој доведе до пад на режимот во Јужна Африка, го изнесе Томи Лапид, израелски министер за правда. Одлучниот став против бојкотот стана составен дел од очекувањата на Израелците од нивните сојузници. Одделни западни политичари како да се тркаат кој ќе звучи подобро во убедувањето на израелските сојузници за противење на идејата на бојкотот. Дејвид Камерон при својата прва посета на Светата земја, изјави:

– Делегитимирањето на државата Израел е погрешно. Тоа е одвратно и заедно ќе го победиме.

Притоа, прилично аматерски, потценувајќи ја кампањата на британските синдикати и универзитети, против соработка со Израелците, изјави дека – местото Израел како татковина на еврејскиот народ, нема да зависи од површни резолуции на политички аматери.

Колку тој став е важен објаснува и случајот на Џон Кери. При посетата на Израел, Кери само ја навел опасноста од бојкотот кој му се заканува. Изложен бил на остри осуди, вклучувајќи го обвинението за зголемување на антисемитската кампања, која сака на Израел да наметне санкции. Израелскиот министер за економија, Нафтали Бенет ги отфрлил предупредувањата на Кери и рекол: – Очекуваме од нашите пријатели во светот да застанат на наша страна пред ваквите антисемитски обиди за бојкот, а не да ги засилуваат. Ајалет Шакед, претседателка на партијата Бајит Јехуди изјави дека Кери се обидува да основа темели за економски бојкот против Израел. Поради таа изјава на Кери, се огласи и Стејт Департментот, потврдувајќи дека Вашингтон не го поддржува бојкотот дека Кери има гордо резиме од 30 години поддршка на израелската сигурност и благосостојба, па силно се противи на секаков бојкот на Израел.

Конечно, повикот на палестинското граѓанско општесто од 9 јули 2005 година се смета за историски важен настан, како почеток на глобалната кампања BDS – Boycott, Divestment, Sanctions, т.е. Бојкот, неинвестирање, санкции.

Не сомневајќи се дека кампањата за бојкот собира луѓе со многу различни ставови, па и мотиви, ги обединува нивното верување дека Израел ги крши човековите права на Палестинците. За другата страна, тоа е целонсно несакана, опасна и недозволена приказна.

Многумина беа вџашени кога под притисок на произраелските организации беше откажано гостувањето на Стефани Хесел на универзитетот ЕНС во Париз. На човекот кој целиот живот го посвети за борба за слобода, кој го преживеал Холокаустот, борец на француското движење на отпорот и еден од коавторите на текстот Универзална декларација за човечките права, практично му беше забрането да проговори за правата на Палестинците.

Кога Американската асоцијација на истражувачи АСА го поддржа бојкотот, претседателот на Светскиот еврејски конгрес Роналд Лаудер, ги обвини за предрасуди и рече дека таа одлука покажува Орвеловски антисемитизам и морален банкрот.

Со цел за заплашување и обезвреднување на сите верувања кои се во спротивност со официјалните ставови на израелската, ционистичката политика најчесто се користи етикетата антисемитизам. Произволноста и неоснованоста во етикетирањето може да се опише како најгруба злоупотреба и обесмислување на самиот поим. Така за антисемитизам се обвинети многу Евреи кои го поддржуваат бојкотот вклучувајќи ги организациите Еврејски гласови за мир, Евреи против окупацијата, и слично.

Колку тој став е важен објаснува и случајот на Џон Кери. При посетата на Израел, Кери само ја навел опасноста од бојкотот кој му се заканува. Изложен бил на остри осуди, вклучувајќи го обвинението за зголемување на антисемитската кампања, која сака на Израел да наметне санкции.

Препознавајќи го овој феномен, професорката на Беркли, Џудит Батлер детално го анализирала ова прашање во есеј под името „Не, тоа не е антисемтиски“. Според Батлер, тврдењето дека секоја критика кон Израел е антисемитска, се темели на неодржливата претпоставка дека демократскиот Израел е нешто лошо за Евреите, па наведува на заклучокот: дека Израелците кои го критикуваат Израел се Евреи кои самите се презираат, или дека не се чувствителни на проблемот од антисемитизмот.

Секако, иако и лично е Еврејка, од семејство кое претрпело трагедија во Холокаустот, Џудит Батлер поради овој текст била обвинета за антисемитизам! Оваа етикета е нож под грло на секој кој ќе се осуди на било кој начин да ја афирмира идејата за бојкот или критика на Израел.

СТРАВ ОД БОЈКОТ

За опасноста од бојкот на израелската политика зборува законот кој израелскиот Кнесет го изгласа во почетокот на јули 2011 година. – Законот за превенција на штетата на Израел по пат на бојкот, на сопствените граѓани забранува повикување на академски, потрошувачки и културен бојкот на Израел. Лица или организации кои предлагаат бојкот можат да бидат тужени од страна на кое било лице или институција која може да биде погодена од таквиот предлог. Законот всушност е антидемократски и крајно под знак прашалник, да не кажеме незаонски, со оглед на тоа дека е насочен на заштита на израелските производи од незаконски населби, насилно изградени на Западниот брег.

Дефинирањето на бојкотот како граѓански прекршок сугерира сите Израелци да имаат правна обврска да го промовираат економскиот развој на нивните населби во окупираните палестински територии – пишуваше во протестното писмо на активистите за заштита на човековите права.

Глобалното движење BDS мора да го иритира денешен Израел. За нешто помалку од 10 години BDS движењето постигна многу високо ниво на популарност. Јасно е дека BDS почнува да се доживува како еден многу конкретен облик на подршка во случајот на Палестина која од ден за ден придобива се поголем број на нови поддржувачи, дури и меѓу израелските Евреи.

Секако дека новата технологија, како и грозните воени акции на Израел во појасот Газа влијаат на поголемата мобилизација и одлучноста на противниците на таквата политика. За многу луѓе бојкотот не е начин, на било кој начин да го изразат својот став на солидарност со Палестинците. Макар тоа било не купувајќи нивно овошје и зеленчук. Освен што од година во година се менува општата свест за палестинското страдање, критиките на сметка на израелската политика се почесто доаѓаат и од политички структури од Европската унија.

Кога Американската асоцијација на истражувачи АСА го поддржа бојкотот, претседателот на Светскиот еврејски конгрес Роналд Лаудер, ги обвини за предрасуди и рече дека таквата одлука покажува Орвеловски антисемитизам и морален банкрот.

Настапот на Бенјамин Нетанјаху во март оваа година кој го одржа во САД, обраќајќи се на најзначајното израелско лоби АИПАК ( American Israel Public Affairs Committee), најдобро ја опишува фазата на односите на BDS и Израел. Инспиративниот говор, прекинуван со смеење и аплаузи, интегрираше се: од обвиненијата за антисемитизам, до релативизирањето и исмејувањето на целиот проект, бидејќи со него се напаѓа моќен центар кој во многу полиња, како технологијата, има многу важно место во светското производство. Сепак, фактот дека Нетанјаху во својот говор поголемо внимание посветува на BDS отколку на мировниот план на Кери, не говори само за ирелевантноста на Џон Кери. Тоа што публиката се смееше не значи дека приказната е смешна. И самиот Нетанјаху знае дека во иднина ќе има се помалку комичари кои идејата за бојкот ќе се обидат да ја обезвреднат со смешни досетки или исмевајќи го целиот концепт.

Јасно е тоа, бидејќи и на тие кои неволно се спротивставуваат на Израел, денес не ги прави духовити, што и на производите кои стигнуваат во нивната земја од илегалните еврејски населби, изградени на Западниот брег, пишува Made in Israel. Со новите правила на ЕУ оневозможени се грантови за израелските објекти на окупираните палестински територии, а стоката произведена во илегалните населби на Западниот брег мора да се означи како таква. Сличен бојкот на израелски компании поддржаа и скандинавски и холандски државни и приватни компании. Најголемата Данска Банка ги прекина деловните односи со израелската банка Хапоалим поради финансирање на изградба на населби во окупираните територии, со што се крши меѓународното право. На посебен удар на бојкотот се земјоделските производи, а водечкиот извозник на цвеќе, Агрексо, уште во 2011 се соочи со банкрот губејќи го пазарот поради бојкотот.

За израелските политичари, дефинитивно не е смешен податокот дека само со ограничениот бојкот Израел годишно губи околу три милијарди долари.

Дури и за скептиците, развојот на BDS движењето укажува на неговиот одреден потенцијал. Во краен случај, движењето значајно атакува на имиџот на Израел, а кој многу им значи на тамошните политичари. Се поголемите анти израелски протести ширум светот се најдобар показател на таквиот тренд. Јасно е дека BDS движењето покренато во почетокот на овој век, како идеја не слабее, туку напротив, расте. Прашање е дали е можно земјата толку убедена во својата исправност, со толку развиено стопанство и технолошки високо развиена, може економски да се загрози до таа мерка, што тоа би ја променило нејзината политика? Од говорот на Нетанјаху, покрај заклучокот дека тое е неморално, против мирот и антисемитски, дознаваме дека практично бојкото нема никакви шанси за успех.

Со новите правила на ЕУ оневозможени се грантови за израелските проекти на окупираните палестински територии, а стоката произведена во илегалните населби на Западниот брег мора да се означи како таква. Сличен бојкот на израелски компании поддржаа и скандинавски и холандски државни и приватни компании. Најголемата Данска Банка ги прекина деловните односи со израелската банка Хапоалим поради финансирање на изградба на населби во окупираните територии, со што се крши меѓународното право. На посебен удар на бојкотот се земјоделските производи, а водечкиот извозник на цвеќе, Агрексо, уште во 2011 се соочи со банкрот губејќи го пазарот поради бојкотот.

Од друга страна, одговарајќи на критиките дека е неморално дека само демократскиот Израел за разлика од исламските и другите диктатури е изложен на ваков бојкот. Наоми Клајн одговара дека бојкотот е тактика, а не догма, па причините за бојкотот се практични: – Кога земјата е толку мала и економски зависна, бојкотот мора да успее!

Во случајот со Јужна Африка, борбата против апартхејдот траеше 30 години.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци