Бојадисување на „Боинг 777“ со помош на робот за само 24 минути

Од:

Бојадисувањето на џамбо-џет некогаш претставувало многу тешка работа, но благодарејќи на новата технологија тоа сега се постигнува со притиснување на копче.

Две роботски машини се способни во рекордно време да бојадисаат авион од типот „Боинг 777“, но и да го исчистат.

На тим од молери рачно да го бојадисаат авионот од оваа големина им биле потребни четири до пет часа, додека овие два робота тоа го прават за неверојатни 24 минути, а имаат и опции за различни техники на бојадисување.

Овој вид на бојадисување делови на авионот ја зголеми стапката на успешност и брзина при работењето, така што сега за еден месец робот може да бојадиса 32 чифта крилја, додека претходно рачно можело да се бојадисаат само седум чифта за истиот период.

Со ова откритие е воведена револуција во областа на авиоинженерингот, а најавено е дека за неколку години се очекува автоматизација на 95 отсто од изработката на авионските делови.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ