Боинг 737 МАКС доби дозвола повторно да лета на европското небо

Од:

Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) денеска соопшти дека официјално дала зелено светло за враќање на европското небо на Боинг 737 МАКС, кој беше приземјен 22 месеци по две несреќи.

– После длабинска анализа на ЕАСА, утврдивме дека 737 МАКС е безбеден за летање. Проценката беше спроведена целосно независно од „Боинг“ или Федералната администрација за воздухопловство на САД и без никаков економски или политички притисок, се вели во изјавата на извршниот директор на ЕАСА, Патирк Ки.

Европа на тој начин ја укина 22-месечната забрана за летање на авионот, што налути семејства на некои од 346-те лица загинати во падот на овој вид авион, кои

Зеленото светло на ЕАСА е клучен чекор напред во решавањето на скоро двегодишната криза предизвикана од падот на овој многу продаван авион во Индонезија и Етиопија, поврзан со софтверска грешка во пилотската кабина.

САД ја укинаа забраната минатиот ноември, а исто направија и Бразил и Канада. Кина, која за првпат забрани летање по втората несреќа во март 2019 година и на која отпаѓа четвртина од продажбата на МАКС, сè уште не објави како ќе постапи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов инцидент на Боинг 737, во САД се откачи капак на мотор

Авион итно се вратил на аеродромот од кој полетал поради пукнатина на прозорец

Горан Наумовски

Кина му даде дозвола за летање на авионот „Боинг 737 макс“

А1он

„Боинг“ ја призна одговорноста за несреќата на „737 Макс“ на „Етиопијан ерлајнс“ во 2019 година

Катерина Ѓуровски

Приземјени авиони Боинг 737-МАКС поради проблем со електричниот систем

Жарко Настоски

ВИДЕО: Нуркачи ги пребаруваат остатоците од урнатиот Боинг 737, лоцирани црните кутии

Катерина Ѓуровски