Бохемен: Бокова останува на листата на кандидати за генерален секретар на ОН

Од:

Генералниот секретар на УНЕСКО, Ирина Бокова, останува на листата со претенденти за функцијата генерален секретар на ОН, и покрај одлуката на бугарската Влада да ја постави за нов кандидат европскиот комесар за буџет и човечки ресурси, Кристалина Георгиева.

Ова го изјави новозеландскиот постојан претставник во организацијата Џерард ван Бохемен, ротациски претседател на Советот за безбедност на ОН во септември, јави ТАСС.

– Настанатата ситуација беше разгледана на затворената седница на Советот за безбедност, изјави Бохемен.

– Луѓето сакаа да дознаат дали еден или двајца кандидати ќе има од страна на Бугарија. Како резултат на тоа, ќе имаме еден кандидат со официјална поддршка од бугарската Влада, и уште еден, кој останува во натпреварот, истакна Бохемен, и додаде дека ниту еден од членовите на СБ на ОН не се изјаснил против тоа.

На тој начин Ирина Бокова продолжува да учествува во изборите за генерален секретар на ОН во лично својство, забележа ТАСС.

Позицијата на генерален секретар на ОН, која од 2007 година му припаѓа на Јужнокореецот Бан Ки Мун, од 1 јануари ќе биде ослободена.

Кандидат за оваа позиција од Македонија е поранешниот министер за надворешни работи Срѓан Керим.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам

Костадиновска Стојчевска: Статусот на УНЕСКО останува, остануваат и препораките за негово зачувување

Влада: Зачуван е престижниот статус на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО