БНД: Путин не војува само против Украина туку и против западните демократии

Од:

Германската разузнавачка служба (БНД) цени дека рускиот претседател Владимир Путин во февруари не започнал војна само против Украина, туку дека „објавил војна“ и против западните демократии.

„Војната што започна на 24 февруари е објава на војна против целиот демократски западен свет, а не само за украинска територија“, изјави директорот на БНД, Бруно Кал во денешното обраќање пред парламентарната Контролна комисија во Бундестагот.

Тој изјави дека оттаму што и двете страни сакаат одлуката за војната да биде донесена на бојното поле, конфликтот би можел да потрае и до крајот на наредната година.

Кал истакна дека за БНД нападот врз Украина не бил изненадување и оти според Службата Путин ќе продолжи да користи сила за да ги постигне своите политички цели.

„Исто како во Чеченија, Грузија, Сирија и Крим и Донбас, Путин со сила се обидува да ги постигне своите политички цели во Украина“, изјави Кал, притоа критикувајќи го игнорирањето на предупредувањата на Службата по однос руската надворешна политика.

„Она што за нас е резултат на професионални разузнавачки активности, шокираше голем дел од јавноста, што пак е резултат на практиката во последните години да се игнорираат предупредувањата на БНД, а укажувањето на реалните закани да се нарекуваат креирање паника и солење памет“, изјави шефот на БНД, организацијата одговорна за следење на странските активности што би можеле да го загрозат германскиот уставен поредок.

Пред Комисијата за контрола на разузнавањето на Бундестагот, Кал исто така ја окарактеризира Кина како опасност, нарекувајќи ја „автократија која се стреми да стане глобална сила“.

Парламентарната Комисија за надзор на безбедноста обично се состанува зад затворени врати, но еднаш годишно испрашувањето на началниците на федералните разузнавачки служби се спроведува јавно.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски