БНД: Малезискиот авион е соборен од проруските сепаратисти

Од:

Шефот на германското разузнавање БНД, Герхард Шиндлер ги обвини проруските сепаратисти во источна Украина дека со ракета земја-воздух го собориле малезискиот патнички авион, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот.

Германскиот неделник „Шпигел“ објави дека Шиндлер ги обвинил проруските сепаратисти пред парламентарната анкетна комисија на 8. октомври. Тој своето тврдење го поткрепил со сателитски снимки.

Шиндлер тврди дека проруските сепаратисти во источна Украина украле ракета земја-воздух со среден дострел „Бук“ од украинска воена база и со неа го собориле малезискиот авион на 17 јули.

Тезата на Шиндлер е речиси слична на американското разузнавање, кое тврди дека ракетата кон авионот била истрелана од зона под контрола на сепаратистите. Но, Вашингтон тврди дека ракетата била донесена од Русија.

Киев и Москва взаемно се обвинуваат за падот на малезискиот авион.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Пратениците одлучија: Зеленски е легитимен претседател

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија