Евгениј Пригожин, моќниот основач на платеничката група Вагнер, се подготвува да ги намали операциите на неговата приватна армија во Украина, пишува Блумберг повикувајќи се на добро информирани извори.
Како една од клучните причини се наведуваат сè почестите недоразбирања и несогласувања меѓу руското воено раководство и членовите на Вагнер.
Тој, наводно, повторно се свртува кон своите постапки во Африка, се додава.