Блумберг: Инсајдери во Кремљ стравуваат дека Путин ќе употреби нуклеарно оружје

Од:

Мал број лица, упатени во ситуацијата во Кремљ, наводно, ја доведуваат во прашање одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина, објави Блумберг.

Неколкумина инсајдери во Кремљ, кои се на високи позиции во владата и бизнисот веруваат дека руската инвазија на Украина „била катастрофална грешка што ќе ја врати Русија години наназад“, изјавија за Блумберг десет извори.

Овие луѓе, велат изворите, сметаат дека нема шанси Путин да го промени правецот на својата политика во однос на Украина, а исто така и не гледаат шанса да биде доведена во прашање неговата позиција на семоќен владетел на Русија.

Изворите тврдат дека рускиот претседател сè повеќе се потпира на сè помалиот круг на тврдокорни советници. Тие додаваат дека Путин наводно ги отфрлил предупредувањата за катастрофалните економски и политички последици од војната во Украина.

Дел од инсајдерите во Кремљ сè повеќе стравуваат дека Путин, доколку се соочи со пораз во Украина, би можел да прибегне кон употреба на нуклеарно оружје, наведува Блумберг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски