Блокирано пуштањето од затвор на Оскар Писториус

Од:

Јужноафриканското Министерство за правда го блокираше пуштањето од затвор на параолимпиецот Оскар Писторус, што беше предвидено за в петок.

Во соопштението на Министерството се вели дека решението за пуштање од затвор на поранешната спортска ѕвезда на Јужна Африка, за да ќелијата ја замени домашен притвор, било донесено „преурането и без правна основа“.

Одлуката за тоа, колку долго Писториус ќе остане во затворот во Преторија, сега му е оставена на специјалното тело за условно пуштање на слобода.

Писториус минатата година беше осуден на пет години затвор, за ненамерно убиство на својата девојка Рева Стенкамп.

Убиството се случи во февруари 2013 година, во неговата вила во Преторија. кога Писториус пукал четири пати од својот пиштол, низ затворената врата на бањата, мислејќи дека таму се наоѓа провалник, без да знае дека во просторијата во меѓувреме, влегла Стенкамп.

Обвинителство не ја прифакаше ваквата верзија на трагичниот настан и го обвини Писториус дека намерно ја убил својата девојка по една бурна и бучна расправија, но судијата во процесот заклучи дека нема докази за намерно убиство, па го осуди популарниот параолимпиец за ненамерно убиство.

Според јужноафриканските закони, за да може еден осуденик да биде пуштен на условна слобода, треба да помине една шестина од казната што му е определена.Писториус во затвор се наоша десет месеци.

Државното обвинителство навести дека ќе поднесе жалба на пресудата, што треба да се разгледа во ноември.

Би можело да ве интересира

Оскар Писториус излегува на слобода

Катерина Ѓуровски

Писториус префрлен во друг затвор

Ана Ололовска

Можно условно ослободување за Оскар Писториус

Ана Ололовска

Писториус повреден во затворска тепачка

Ана Ололовска

За повеќе од двојно зголемена затворската казна за Писториус

Наум Локоски

Оскар Писториус се повредил во затворскаата ќелија

Емир Латифовиќ