Блокирани инстаграм-профилите на неколку руски официјални лица

Од:

Блокадата на инстаграм-профилот на Рамзан Кадиров, претседател на Чеченија, е поради тоа што тој е на списокот санкции воведени од САД, изјави претставник на компанијата „Фејсбук“.

Од „Фејсбук“ изјавија дека тие се американска компанија и дека дејствуваат „во рамки на законите на САД за санкции“.

Компанијата потврди дека истото го направиле со профилите и на други лица кои се под санкции.

Покрај на Кадиров, денеска исто така блокирани се и инстаграм-страниците на уште неколку руски официјални лица, како Мохамед Даудов, спикер на парламентот на Чеченија, Абузајд Висмурадов, вицепремиер на републиката, како и на Адам Делимханов, пратеник во руската Дума.

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

Штипјанец преку социјалните мрежи и упатувал закани на поранешната сопруга

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм