Близок соработник на Меркел се противи на нова „Голема коалиција“

Од:

Висок претставник на Христијанско – демократската унија (ЦДУ) предводена од канцеларката Меркел бара партијата да не влегува во нова „Голема коалиција“ составена од најголемите германски партии по следните избори закажани за втората половина на наредната година.

Според Фолкер Каудер, шеф на парламентарната група на ЦДУ во Бундестагот, граѓаните се уморни од постојани коалиции меѓу најголемите партии што најдобро може да се види во случајот со Австрија, каде кандидатите на двете најголеми партии беа елиминирани во првата рунда на претседателските избори.

„Постојаните големи коалиции ги уморија австриските граѓани. Мора да го избегнеме тоа во Германија“, изјави Каудер за весникот „Зи Дојче цајтунг“.

Двете најголеми германски партии и покрај постојаниот пад на рејтингот, се уште, имаат доволен процент поддршка (53 – 55 отсто) за да формираат нова влада по следните избори, иако не се исклучува дека ЦДУ како најсилен политички субјет би можела да влезе во коалиција со Зелените и Слободните демократи (ФДП), доколку тие освојат доволен број пратеници.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија