„Блиска средба“ на кинески борбени авиони и американски авион за надгледување

Од:

Два борбени кинески авиони пресретнале американски авион за надгледување, во реонот на Источното Кинеско Море, по што тој се повлекол, соопшти денеска официјален Вашингтон.

Инцидентот се случил во текот на изминатиот викенд, во кој еден од кинеските авиони му се приближил на американското летало на само 100 метри, по што авионот на САД се повлекол, менувајќи го својот дотогашен курс на летање.

За кинескиот авион се вели дека бил вооружен и подготвен да нападне.

Инцидентот се случил на околу 150 километри од кинескиот град Циндао.

Според американскиот Пентагон, оваа „блиска средба“ на воените авиони на двете земји била „небезбедна“ за разлика од другите вакви инциденти во реонот на Далечниот Исток.

Американските медиуми го пренесуваат соопштението на кинеското Министерство за одбрана во кое се вели дека интервенцијата на кинескиот авион била „легална, професионална и потребна“.

Пекинг уште еднаш ја повторува својата позиција дека САД „мора да престанат со своите воени активности о регионот“, кои ги оценува како „небезбедни и непријателски“.

Кина од блиску ги следи и надгледува сите воени активности на САД во близината на незиниот брег.

Во 2001 година, се случи најтешкиот инцидент во ваквите „блиски средби“ меѓу Кинезите и Американците, кога дојде до судар на еден кинески ловец и американски авион за надгледување, со 24 членови на екипажот.

Пилотот на кинесиот авион загина, а американкиот авион мораше принудно да се спушти во кинеската воена база Хаинин. Членовите на американкиот авион беа задржани 11 денови од кинеските власти, додека САД мораа да и се извинат на Кина.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел