„Блиска средба“ на британски и руски воени авиони над Северното Море

Од:

Авиони на британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) биле испратени од воената база кај Сент Ендрјус во Шкотска, за да пресретнат две руски борбени летала кои забрзано се приближувале кон воздушниот простор на Велика Британија.

Како што соопшти Министерството за одбрана во Лондон, инцидентот се случил вчера над Северното Море. Откако британските ловци „Тајфун“ се искачиле во височините, руските авиони се вратиле назад.

Претставник на РАФ изјави дека ваквите инциденти со руски воени авиони близу до британскиот воздушен простор не се реткост, објаснувајќи дека само лани имало осум „блиски средби“ на воените летала на двете земји.

Во соопштението на британското Министерство за одбрана се вели дека „Тајфуните“ биле испратени за да го утврдат идентитетот на „непознатите авиони“, кои се проближувале кон северот на Шкотска, откако претходно не можело да бидат идентификувани на друг начин.

Високо на небото британските пилоти утврдиле дека станува збор за руски воени авиони, кои „во ниту еден момент не го повредиле воздушниот простор на Велика Британија“.

– Целта на авионите не била да се предизвика повреда на британското небо, се вели во соопштението на Министерството за одбрана во Лондон. Извори во Министертсвото тврдат дека „ниту еднаш досега руски авиони не навлегле во британскиот воздушен простор, без пред тоа да побараат и добијат дозвола“.

Британската Кралска воена морнарица, во меѓувреме, потврди дека од крајот на минатата недела еден нејзин брод следи руски разурнувач што плови покрај британските територијални води.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски