Блинкен за руската војска во Казахстан: Кога Русите се во вашата куќа, тешко е да ги истерате

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази загриженост за пристигнувањето на руски војници во Казахстан, нагласувајќи дека тешко ќе се повлечат.

„Лекцијата од поновата историја е дека кога Русите се во вашата куќа, понекогаш е многу тешко да ги истерате“, предупреди државниот секретар на прес-конференција во Вашингтон.

Казахстан беше погоден од најжестоките протести откако земјата стекна независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, при што загинаа десетици демонстранти. Протестите почнаа во западниот дел на земјата поради наглото поскапување на горивата, но набрзо се проширија и укажаа на пошироко незадоволство од состојбата во земјата, со која иста партија владее од стекнувањето независност.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари