Блинкен: Украина е подготвена да преговара со Русија

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека верува оти Украина е подготвена да преговара со Русија доколку руската страна покаже интерес за дипломатија.

„Кога станува збор за преговори, потребни се двајца за танго. Досега не видовме индикации дека (рускиот претседател) Владимир Путин има некаков интерес за значајна дипломатија. Ако го стори тоа, мислам дека Украинците ќе бидат први кои ќе се ангажираат и ние ќе ги поддржиме“, изјави Блинкен во интервју за ABC.

Тој додаде дека сите сакаат конфликтот да заврши, но, како што наведе, војната мора да заврши под фер и трајни услови кои го одразуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Блинкен беше во ненајавена посета на Киев на 6-7 септември, за време на која најави повеќе од 1 милијарда долари безбедносна помош за Украина, вклучително и 5,4 милиони долари запленети средства од руски олигарси.

Би можело да ве интересира

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија