Блинкен телефонски разговараше со Рау и Ле Дриан

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау. Како што се дознава од соопштенијата на Стејт департментот, Блинкен синоќа имал телефонски разговор и со министерот за надворешни работи на Франција, Жан Ив Ле Дриан.

И во двата разговара, „државниот секретар повторно ги истакнал заложбите на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во однос на руското неиспровоцирано армиско трупање на границата“, соопшти портпаролот Нед Прајс.

Со полскиот и со францускиот министер за надворешни се дискутирало за продолжување на соработката во однос на дипломатијата со Москва, истовремено преземајќи чекори за одвраќање на понатамошна руска агресија, „брзо и силно“.

Секретарот високо го оценил лидерството на Полска во источното крило на НАТО и претседавањето со ОБСЕ.

Со Ле Дриан, Блинкен разговарал за неодамнешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брест, Франција одржан на 13-14 јануари, како дел од француското претседателство со Советот на ЕУ.

Двајцата исто така разговарале и за напорите за промоција на демократскиот процес во Либија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Путин ја уништи Украина, Русија мора да плати

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Блинкен: Имаме докази дека Кина се обидува да се меша во нашите претседателски избори

Авионот на Блинкен приземјен поради дефект, тој продолжил кон Брисел со автомобил

Блинкен не можеше да се врати од Давос поради истекување на кислород во авионот

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот