Блинкен: Северен поток е спротивен на интересите на Европа

Од:

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, денеска во Брисел го повтори ставот на САД дека изградбата на гасоводот „Северен поток“ од Русија до Германија е спротивна на интересите на Европската унија.

– Претседателот Џо Бајден беше многу јасен кога рече дека Северен поток е лоша идеја, лоша за Европа, лоша за САД, дека е спротивна на безбедносните цели на самата Унија, изјави Блинкен пред состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ.

Гасоводот „Северен поток 2“ ја заобиколува Украина, која е важен сојузник на Западот и може да ја зголеми енергетската зависност на ЕУ од Русија.

Тој потсети дека САД, според законот, мора да ги санкционираат компаниите што учествуваат во изградбата на гасоводот.

Американските санкции го блокираа завршувањето на тој гасовод долг 1.200 километри.

Германија, која ќе има најголема корист од проектот, гледа стабилен извор на енергија во рускиот гасовод. Сепак, САД и некои европски земји, како што се Украина, Полска и балтичките држави, стравуваат дека ова ќе ја заобиколи Украина, транзитна земја за дел од испорачаниот гас во Европа.

Државниот секретар на САД престојува во прва посета на НАТО. По пристигнувањето во Брисел, тој ја повтори посветеноста на САД за „обнова на алијансата“ и „ревитализација“ на НАТО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на прес-конференцијата на Блинкен, обезбедувањето исфрли „непослушен“ новинар

Блинкен: САД воспоставија директен контакт со сириската фракција Хајат Тахрир ал-Шам

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

Блинкен: САД ќе ѝ дадат на Украина оружје во вредност од 725 милиони долари

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности