Блинкен: САД сакаат Кина да ги почитува меѓународните правила

Од:

САД не се обидуваат да ја одвојат Кина од глобалната економија, туку сакаат Пекинг да се придржува до меѓународните правила, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во долгоочекуваниот говор за американската стратегија за справување со подемот на Кина како голема сила.

„Вашингтон нема да ја блокира Кина да ја развие својата економија или да се обиде да го промени политичкиот систем на Пекинг, но ќе го брани меѓународното право и институциите кои го одржуваат мирот и безбедноста и им дозволуваат на земјите, вклучувајќи ги САД и Кина, да коегзистираат“, рече Блинкен.

„Ние не бараме конфликт или нова студена војна. Напротив, ние сме решени да ги избегнеме и двете“, додаде Блинкен во 45-минутниот говор на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, кој опфати низа најспорни прашања во билатералните односи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски