За време на опративно организираната посета на Киев, американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека „Русија може да ја нападне Украина практично без предупредување“.
-Се наоѓаме во таа етапа кога Русија може во секој момент да ја нападне Украина, изјави тој. Додаде дека САД продолжуваат со „подготовка за поинаков исход“, ако Москва сепак се реши на нова воена агресија во Украина.
Во меѓувреме, Администрацијата на Џо Бајден соопшто дека спрема дополнителна воена помош од одбранбен карактер за Украина во висина од 200 милиони долари.
Во пресрет на посетата на државниот секретар на Украина, во посета на Киев дојде и конгресна двопартиска делегација, за да изрази поддршка на земјата во позадина на конфронтацијата со Русија.
Блинкен и конгресмените имаа одделни средби со украинскиот претседател Владимир Зеленски и министерот за надворешни работи Димитриј Кулеба.
САД и во оваа прилика ја истакнаа непоколебливата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и повикаа да се даде шанса на дипломатијата.
Занеделава, Блинкен има најавено средба во Женева со рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров на дополнителни разговори во обид да се намалат тензиите.
Во меѓувреме, Русија продолжи да го зголемува својот воен контингент околу Украина со базирање војска во Белорусија
Ејми Клобушар, сенаторка демократ од Минесота за Гласот на Америка, изјави дека Русија ја чекаат санкции ако нападне на Украина.
-Среде нас им и демократи и републиканци со крајно различни политички ставови, кои даваат поддршка за Украина. Ако Владимир Путин одлучи да тргне по тој предавнички антидемократски пат на инвазија во оваа земја, тоа ќе предизвика жестоки и брзи санкции, изјави таа.
Кевин Крамер, републикански сенатор од Северна Дакота, изјави дека „САД нема да седат со скрстени раце, останувајќи набљудувач од страна ако нешто се случи. Сакаме да го спречиме тоа. Сакаме да бидеме фактор на задржување, изјави Крамер.
Извор: МИА