Блинкен: Ограничувањето на цените ќе помогне во ограничувањето на профитот на Русија

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека ограничувањето на цените на енергенсите ќе помогне да се ограничи профитот на Русија од продажбата на енергенси.

– Русија ќе донесе одлуки какви што носи, но мислам дека ќе има интерес да продолжи да продава енергенси, изјави Блинкен по дводневниот состанок на Г7 во западниот германски град Минстер.

Според него, тоа е добар механизам да се обезбеди на пазарот да има енергенси, но и дека профитот на Русија има горна граница.

На прашањето дали може да ги увери потрошувачите дека овој механизам нема да доведе до поскапување на гасот, Блинкен рече дека ќе се види како ќе се одвива сето тоа.

Би можело да ве интересира

Ковачевски на средба со Блинкен: С. Македонија ги цени САД како близок и сигурен партнер на нашиот пат кон членство во ЕУ

Ана Ололовска

Белата куќа бара од земјите-членки да даваат повеќе пари за НАТО

Блинкен: Сите американски државјани што поскоро да ја напуштат Русија

Горан Наумовски

Шефот на американската дипломатија: Ако Кина им испрати помош на Русите, нема да се двоумиме

Блинкен: Српските и косовските лидери ќе направат тешки компромиси за нормализација на односите

Блинкен: Тажен сум поради загубените животи на „невините Палестици“