Блинкен и Кулеба изразија загриженост за цивилните жртви

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба за безбедносните потреби на Украина во конфликтот со Русија, соопшти американскиот Стејт департмент.

Во соопштението се наведува дека Кулеба и Блинкен изразиле загриженост поради убивањето и ранувањето цивили, како и за оштетувањето на цивилната инфраструктура и станбените објекти.

„Блинкен и Кулеба разговараа и за дипломатските напори што во моментов се прават за да се запре војната што започна со руската инвазија во Украина, соопшти Стејт департментот.

САД денеска ставија на црната листа руски воени лидери и други руски функционери, обвинувајќи ги за кршење на човековите права, а беа воведени и нови санкции за белорускиот претседател Александар Лукашенко.

По разговорите со Блинкен, Кулеба на Твитер напиша дека го поздравува новиот пакет лични санкции против руските претставници, но додаде дека е потребно „да се зголеми економскиот притисок врз Русија“.

Тој во изјавата нагласи дека се согласува со американскиот државен секретар дека од најголема важност е да се обезбеди безбедност на нуклеарните постројки во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на прес-конференцијата на Блинкен, обезбедувањето исфрли „непослушен“ новинар

Блинкен: САД воспоставија директен контакт со сириската фракција Хајат Тахрир ал-Шам

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

Блинкен: САД ќе ѝ дадат на Украина оружје во вредност од 725 милиони долари

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања