Блинкен бара „силен“ јужноамерикански пакт за миграцијата

Од:

САД бараат силна декларација за координација за зголемената миграција кога лидерите на Јужна Америка во јуни ќе се состанат во Лос Анџелес, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Блинкен отпатува во Панама за да се сретне со регионалните колеги бидејќи рекорден број луѓе се раселени ширум светот предизвикувајќи не само хуманитарна криза, туку и растечки политички грижи за претседателот Џо Бајден, јавија американските медиуми.

Блинкен рече дека разговорите во Панама имаат за цел „да ја постават основата за силна декларација на нашите лидери“ на Самитот од 6-10 јуни во Калифорнија.

Блинкен повика на „Декларација од Лос Анџелес за заштита на миграцијата која ги утврдува нашите заеднички принципи за заеднички, координиран одговор“.

„Можеме да направиме длабока разлика во животите на нашите најранливи сограѓани и за иднината на нашиот регион“, рече тој.

Бајден го свика самитот за да ја истакне својата агенда за промовирање на демократијата, при што се очекува да бидат исклучени автократските владетели во регионот.

Речиси 100 милиони луѓе ширум светот се раселени – најмногу од Втората светска војна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на прес-конференцијата на Блинкен, обезбедувањето исфрли „непослушен“ новинар

Блинкен: САД воспоставија директен контакт со сириската фракција Хајат Тахрир ал-Шам

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

Блинкен: САД ќе ѝ дадат на Украина оружје во вредност од 725 милиони долари

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности