Блинкен: Ако руската агресија помине неказнето, ќе се отвори Пандорината кутија

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека доколку прекршувањето на принципите на меѓународното право остане неказнето, ќе се отвори Пандорината кутија и тоа ќе се повтори во сите делови на светот.

– Нападот на Русија врз Украина е напад врз принципите што ги воспоставивме по Втората светска војна. Ако дозволиме ова да помине неказнето, тогаш ја отвораме Пандорината кутија и тоа постојано ќе се повторуваме во сите делови на светот, истакна Блинкен по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Блинкен ја пофали Европска Унија за нејзината брза акција за воведувањето на најстроги санкции против Русија.

Лајен посочи дека ЕУ е подготвена да воведе нови поригорозни санкции доколку рускиот претседател Владимир Путин не ја прекине војната што ја започна.

– Ние сме одлучни и обединети. ЕУ и САД ќе застанат покрај Украина и нејзиниот храбар народ, истакна Лајен, додавајќи дека Путин е сè поизолиран, но дека за жал неговата војска продолжува да напаѓа цивили и да уништува.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Путин ја уништи Украина, Русија мора да плати

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Блинкен: Имаме докази дека Кина се обидува да се меша во нашите претседателски избори

Авионот на Блинкен приземјен поради дефект, тој продолжил кон Брисел со автомобил

Блинкен не можеше да се врати од Давос поради истекување на кислород во авионот

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот