Чешкото Министерство за одбрана планира да набави блиндиран автомобил за министерот за одбрана и уште еден идентичен неблиндиран, јави дописникот на МИА од Прага.
Како што пишува весникот „Право“, за автомобилите, за кои ќе биде распишан јавен тендер ќе се одвојат 530.000 евра без ДДВ.
Домот на актуелниот министер за одбрана Мартин Стропницки летоска беше нападнат со молотови коктели, а за нападот беше осомничен руски студент, кој неодамна беше ослободен од притвор со кауција.
Полицијата објави дека во истиот период, министерот добивал и анонимни закани.