Битка на авганистанските безбедносни сили со талибанците во Хелманд

Од:

Авганистанските безбедносни сили водат битка со талибанците во провинцијата Хелманд, јавуваат странските медиуми.

Најжестоки борби се водат во градот Сангин, каде локалниот полициски штаб се наоѓа под опсада на талибанските бунтовници.

Силите на авганистанската армија настојуваат да ја скршат опсадата, но останува целосно неизвесно кој ја има контролата врз целата провинција.

Талибанците соопштија дека успеале одново да ја освојат стратешки важната провинција Хелманд. Ваквата информација веднаш потоа беше демантирана од авганистанските власти.

Гувернерот на провинцијата, како и локалната полиција изјавија дека ваквите информации на талибанците се „целосно се измислени“.

Областа Сангин досега неколкупати се најде под контрола на талибанците, а борбите предизвикаа жртви кај авганистанските сили.

Провинцијата Хелманд беше под контрола на британската војска, се до нивното повлекување, од Авганистан. Сега во провинцијата има само мал контингент британски војници кои имаат само советничка улога.

Борбите во Сангин, доаѓаат по засилената воена кампања на талибанците во последно време.

Шестмина американски војници беа убиени вчера во Баграм, што претставува најсмртоносен напад на бунтовниците врз странските сили оваа година.

Во текот на ноќта, три ракети беа испукани кон главниот авганистански град Кабул.

Околу 12 илјади странски војници се лоцирани во Авганистан, како подршка за авганистанските безбедносни сили.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан