Бин Ладен го повикувал американскиот народ да му помогне на Обама за климатските промени

Од:

Лидерот на Ал каеда, Осама бин Ладен, напишал писмо, во кое го повикува американскиот народ да му помогне на претседателот Барак Обама во борбата против климатските промени, и да го спаси човештвото.

Писмото било меѓу материјалите запленети од засолништето на Бин Ладен во Пакистан, каде што тој беше ликвидиран од американски командоси во мај 2011.

Писмото е дел од документите, които вчера беа обелоденети од администрацијата на Обама. Тоа е без датум и без потпис. Адресирано е: До американскиот народ. Според американски разузнавачки претставници, тоа е напишано од Бин Ладен, непосредно откако Обама го започнал првиот претседателски мандат.

Во писмото Бин Ладен ја критикува корпоративната контрола врз капиталот и корпоративните лобисти за финансиската криза во САД во 2007-2008. Тој ја критикува и војната во Ирак и во Авганистан.

Тој ги повикува Американците да почнат голема револуција за слобода, која ќе го ослободи американскиот претседател од тие влијанија. Тоа ќе го направи Обама способен да носи разумни одлуки за спасување на човештвото од штетни гасови, кои ја загрозуваат неговата судбина, пишува Бин Ладен.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски