„Билд“: Обама може да не присуствува на самитот на Г-7 поради аферата со германските и американски разузнавачки служби

Од:

Генералниот секретар на Германската социјалдемократска партија Јасмин Фахими побара канцеларката Ангела Меркел да ги открие до 8 јуни објектите за следење на американската Агенција за национална безбедност (НСА).

Наведениот датум се совпаѓа со самитот на Г-7 во замокот Елмау во Баварија, а во Берлин веќе се зборува за можноста американскиот претседател Барак Обама да го откаже учеството на самитот, ако бидат објавени објектите, пишува германскиот весник „Билд“.

Американските власти ги отфрлија таквите информации. – Ќе го кажеме тоа јасно. Не сме се заканувале и ниту сме разгледувале можност да го откажеме учеството на самитот на Г-7 по причини, поврзани со разузнавачките служби. Секакви други информации се целосно невистинити, изјави портпарол на Советот за национална безбедност во одговор на прашање на весникот.

Според весникот „Билд“ Фахими намерно го избрал датумот 8 јуни.

Самитот на Г-7 ќе се одржи на 7 и 8 јуни во Елмау, на 90 километри од разузнавачкиот центар во Бад Ајблинг, од каде германската Федерална разузнавачка служба вршела следење на комуникациите по нарачка на НСА.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено