„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Од:

Напад со нож се случил вечерв кај Меморијалот на холокаустот во Берлин, пишува Билд.

Помеѓу американската амбасада и споменикот на холокаустот во берлинската населба Мите, едно лице е тешко повредено во прободување со нож.

Полицијата и спасувачите се на терен.

Портпаролот на полицијата Флоријан Нат изјави: “Жртвата е маж, тој е повреден со нож. Тој е во болница. Се уште нема информации за идентитетот на човекот. Оружјето користено во нападот се уште не е пронајдено. Напаѓачот е во бегство. Сведоците тврдат дека виделе маж како бега”.

Според информациите што ги објави Билд, не е забележана поврзаност со амбасадата или со споменикот во Берлин.

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата