Германскиот весник Билд објави денеска дека канцеларот Ангела Меркел е сериозен претендент за овогодишната Нобелова награда за мир.
Во Осло вчера Кристијан Берг Харпвикен, директор на Институтот за мир прогнозираше „победа“ на Меркел.
– Ангела Меркел ќе биде носител на Нобеловата награда за мир, изјави тој категорично на прес конференција.
– Сметам дека кризата со бегалците во Европа ќе го привлече интересот на норвешкиот Нобелов комитет, додаде тој.
Меѓу останатите најчесто споменување имиња се папата Франциско и УНХЦР. Меркел беше номинирана од германски пратеници заради посредничката улога во постигнувањето договор за прекин на огнот во Украина.