„Билд ам зонтаг“: ИД располага со над 11.000 празни сириски пасоши

Од:

Германските власти сметаат дека екстремистичката група Исламска држава располага со над 11.000 празни сириски пасоши, што можат да бидат искористени, пишува германскиот весник „Билд ам зонтаг“.

Иследниците составиле листа со сериски броеви на празните пасоши, како и на властите што ги издале, посочува весникот, повикувајќи се на доверливи документи на федералната полиција и германското Министерство за внатрешни работи.

Германските разузнавачки служби сметаат дека, 18.002 празни пасоши биле украдени од канцелариите на сириската Влада.

– Развојот на ситуацијата со бегалците покажа дека терористичките организации ги користат околностите за да испратат потенцијални напаѓачи или симпатизери во Европа и во Германија без да бидат откриени, наведе да весникот претставник на федералната криминална полиција.

Тој објасни дека лажните или преправените пасоши најчесто се користени за илегален влез во Европа, без подоцнежен мотив за извршување на терористички напад.

„Билд ам зонтанг“ пишува дека, 8.625 пасоши, што биле проверени од германските маграциски власти во 2016 година, биле фалсификувани.

Членовите на ИД, кои го извршија нападот во Париз во ноември 2015 година, поседувале лажни сириски пасоши.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка