Билансот на загинатите во налетот на Бофа достигна 82 лица

Од:

Билансот на загинатите во налетот на најсилниот тајфун, кој оваа година ги погоди Филипините достигна најмалку 82 лица, а уште 21 лице се водат како исчезнати.

Во лизгање на земјиште, предизвикани од поројните дождови загинаа најмалку 49 лица во градот Њу Батаан на островот Минданао, а уште 33 лица загинаа во различни населени места во провинцијата Источно Давао, изјави министерот за внатрешни работи Мануел Роксас.

Бофа достигна до источниот дел на островот Минданао вчера изутрината, проследен со ветрови кои достигнаа до 201 километри на час и поројни дождови. Тајфунот корнеше дрва и кровови на куќи, доведе до излевање на реки и предизвика лизгање на земјиштето.

Би можело да ве интересира

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски