Биланост на загинатите во ураганот Ирма се зголеми на 21 лице

Од:

Ураганот Ирма, кој го достигна петтиот степен на скалата Сафир Симпсон се упати синоќа кон северното крајбрежје на Куба на патот кон Флорида, оставајќи зад себе пустош на повеќе карипски острови и 21 жртва, а се очекува зголемување на бројот на загинатите со доаѓањето на екипите за спасување во најпогодените подрачја.

Шефот на американската Федерална агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА) Брок Лонг изјави вчера дека американските власти подготвуваат опсежни мерки за реакција на ураганот Ирма, кој се очекува да ја погоди Флорида.

– Ураганот Ирма продолжува да биде закана, која ќе ја опустоши Флорида или некоја од јужните држави, посочи Лонг.

Тој предупреди дека некои делови од Флорида би можеле со денови да останат без електрична енергија, а можеби и подолго, како и дека на над 100.000 луѓе најверојатно ќе им треба засолниште.

Американските военопоморски сили соопштија вчера дека го испраќаат носачот на авиони „Абрахам Линколн“ на задача да пружи хуманитарна помош, доколку тоа им е потребно на настраданите од ураганот Ирма.

Заедно со носачот на авиони наредба за движење добиле и бродот „Ајво Џима“ и големиот десантен брод „Њујорк“. Кон нив постои можност да се приклучи и разурнувач.

Ураганот Ирма е проследен со ветрови со брзина од 250 километри на час. Ураганот се насочи кон јужниот дел на Бахамските Острови и се очекува да премине покрај крајбрежјето на Куба. Во 14 часот според Гринич вчера ураганот се наоѓаше на 115 километри североисточно од Куба.

Кубанските власти прогласија тревога, над десет илјади туристи добија наредба да ги напуштат хотелите во најризичните крајбрежни региони.

Според прогнозите Ирма ќе се искачи кон југоисточното крајбрежје на САД, в недела наутро ќе ја погоди Флорида, а потоа Џорџија и Северна Каролина. Ирма вчера се наоѓаше на 655 километри од Мајами.

Околу 1,2 милиони лица засега се погодени од Ирма, а според Црвениот крст оваа бројка може да се зголеми на 26 милиони лица.

Нова опасност се појави од исток од каде се заканува ураганот Хосе, кој зајакна, достигнувајќи ја според наводите на американскиот Центар за урагани, мошне опасната категорија четири на скалата на јачина на ветровите Сафир-Симпсон.

Хосе е проследен до ветрови од 240 километри на час и напредува кон запад. Вчера во 15 часот според Гринич Хосе се наоѓаше на 470 километри од Гваделупе.

Третиот ураган во Атлантскиот Океан Катја достигна втор степен и е закана за атлантското крајбрежје на Мексико. Тој може да засегне над еден милион лица во мексиканската држава Веракруз.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија