Биби му рече „не“ на Трамп

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел не го прифатил најновиот план за Појасот Газа, иако добил гаранција дека израелската армија нема да се повлече додека Хамас не биде целосно разоружан.

Планот, презентиран од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, се однесува на втората фаза од мировниот процес.

Предвидува разоружување на Хамас и постепено повлекување на израелските сили од Појасот Газа, но двете страни сè уште не се согласуваат за редоследот на овие чекори.

Хамас повторно објави дека го прифаќа планот, додека Нетанјаху тврди дека Израел само ги испратил своите приговори до американската страна.

– Тимот на Трамп ни испрати нацрт што ние не го прифативме. Тоа не е наш нацрт. Ние им ги пренесовме нашите приговори, рече Нетанјаху во видео објавено на социјалните мрежи.

По израелските приговори, Комитетот за мир, кој го формираше Трамп, му гарантираше на Нетанјаху дека израелската армија нема да се повлече од Газа додека Хамас целосно не се разоружа.

Израелската влада, особено нејзините членови од крајната десница, се спротивставија на можноста повлекувањето да започне истовремено со предавањето на оружјето.

Нетанјаху инсистира Хамас прво целосно да го предаде оружјето, додека планот предвидува постепени и реципрочни чекори.

Нетанјаху го нарече Трамп еден од најголемите пријатели на Израел во Белата куќа, но рече дека кога станува збор за безбедноста на земјата, тој нема да се повлече.

„Опстанокот на Израел не е предмет на преговори“, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран има што да каже за изборите: Американците и рекоа НЕ на војната

Катерина Ѓуровски

Додик го утна терминот, стигна во Америка точно за поразот на Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „ВЕТО“, „Не бев јас на ливчето“ – рекации на Трамп по големиот пораз

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Дебакл на Трамп, „синиот бран“ ги однесе и Сенатот и Конгресот

Катерина Ѓуровски

Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“

Нов правен пораз за Трамп пред изборите: Врховниот суд одби да блокира над 20.000 гласови во Калифорнија