Би-би-си вечерва одлучи – продолжува со известување од Русија

Од:

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си денеска соопшти дека одлучил да продолжи да известува на англиски јазик од Русија.

Би-Би-Си во петокот соопшти дека го прекинала известувањето во Русија откако Думата го усвои законот со кој може да се осуди до 15 години затвор секој еден за кого ќе се утврди дека намерно шири лажни вести, пренесуваат британските медиуми.

„Ги разгледавме импликациите на новиот закон, заедно со итната потреба за известување од Русија. По внимателното разгледување на прашањето вечерва одлучивме да продолжиме да известуваме на англиски јазик од Русија“, се наведува во соопштението на Би-Би-Си.

Британскиот јавен сервис нагласува дека ќе известува независно и непристрасно, почитувајќи ги своите строги уредувачки стандарди.

„Безбедноста на нашиот персонал во Русија останува наш приоритет број еден“, се додава во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски