Би-Би-Си: Кој е баталјонот Азов кој го брани Мариупол?

Од:

Со недели, јужниот украински пристанишен град Мариупол се спротивставува на рускиот напад, а во одбрана е и националистичкиот баталјон од околу 800 доброволци, јави Би-Би-Си.

Азов баталјон беше формиран за да се спротивстави на сепаратистите поддржани од Русија кои ги зазедоа областите во источна Украина во 2014 година. Името го носи по внатрешното Азовско Море на кое лежи Мариупол.

За Украинците, овие бранители се херои, кои се спротивставуваат на многу побројните руски агресори и ги губат животите во бомбардирањето, во кое загинаа над 2.000 цивили во Мариупол и оштетени се околу 90 проценти од објектите.

За Русија тие се неонацисти и нивното потекло лежи во неонацистичка група наречена Патриот на Украина. Тие ја носат паганската ознака Wolfsangel, која ја користеле озлогласените нацистички СС единици и била фаворизирана од неонацистите. Но, баталјонот вели дека ги претставува само првите букви од слоганот Национална идеја.

Оригиналните екстремистички водачи на доброволците од Азов сега ги нема, а баталјонот е дел од Националната гарда на Украина, под формален надзор и команда на владата, велат локалните власти.

Украина во последниве години презема репресии против неонацистите и во парламентот нема националистички партии, пишува Би-Би-Си.

Баталјонот моментално привлекува широка мешавина на националисти, ултранационалисти и други млади луѓе обединети во омразата кон Русија. Половина од нив доаѓаат од исток, а многумина зборуваат руски јазик.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он