„Беззабниците“ на Франсоа Оланд – извадоци од книгата „Благодарам за моментот“ на Валери Триервилер

Од:

Книгата „Благодарам за моментот“ на Валери Триервилер невенчаната сопруга на претседсателот Франсоа Оланд за само еден ден се продаде во над 15.000 примероци. Во Франција како бестселер се смета книга чија продажба започнува со околу 5000 примероци.

Содржината на книгата, напишана од поранешната прва дама на Франција е многу горлива за актуелниот француски претседател, пренсува дописникот на МИА од Париз.

„Пари Мач“ – неделникот во кој Валери Триервилер работи како новинарка, беше првиот кој објави извадоци од книгата.

Книгата беше чувана во тајност, но сите знаеа дека „ранетата“ Триервилер подготвува одмазда кон човекот кој ја нарече при лансирањето на неговата претседателска кампања „жена на неговиот живот“.

„Зедов мала пластична кеса во која имаше таблетки за спиење“

Во извадокот Валери Триервилер раскажува како дозна за врската на Франсоа Оланд со актерката Жули Гаје.

– Информацијата за Жули Гаје беше првата насловна вест во утринските вести… Не издржав, не можев да го слушам тоа, истрчав во бањата. Зедов пластична кеса во која имаше таблетки за спиење… Франсоа ме следеше. Се обиде да ми ја одземе кесичката. Јас побегнав во спалната. Тој ми ја зеде кесата и ја искина. Таблетките паднаа на креветот и на подот. Успева да соберам неколку. Голтнав колку што можев. Сакам да спијам. Не сакам да ги живеам часовите што доаѓаат. Ја чуствувам бурата која ќе падне врз мене и нема сила да пружам отпор, Сакам да побегнам. Губам свест.“

„Франсоа е неспособен да каже ни најмал збор“

Валери Триервилер и покрај врската која беше официјалзиарана со Оланд во 2007, се уште не може да ја поднесе поранешната невенчана сопруга и мајка на четирите деца на Оланд- Сеголен Ројал. Таа се сомнева дека „поранешната“ сака да се стави меѓу нив.

„Двајцата зборуваме меѓу нас за се, се смееме. Наеднаш, гледам како доаѓа Сеголен Ројал, која ита накај нас. Го предупредувам Франсоа кој и го врти грбот при влезот во ресторанот.Тој мисли дека станува збор за шега, се додека таа не седнува на нашата маса. Таа е студена.

‘Ќе ви го земам. Се надевам дека не ви додавам.’

Франсоа е неспособен да изусти збор.

Јас и одговарам:’Зборувам за Тур де Франс“.

„Ајде не ме зафркавајте“.

„Чуствувам дека Франсоа повеќе не ме сака“

Според Валери Триервилер, политиката се вмеша и во интимноста на нивната врска. „Па дури и нашата бања стана место за состаноци.

Еден ден го видов Клод Серијон (поранешен советник за односи со јавноста на Оланд) како го следи претседателот, откако поминаа низ сапланата влегоа во бањата. Ги избркав надвор…

„Чуствувам дека Франсоа повеќе не ме сака во политичкиот живот. Јас сум обземена од човек кој се оддалеќува до мене поради успехот. Се се менува“.

„Тој е студен, не се насмевнува повеќе“

Валери Триервилер го опишува Франсоа Оланд далеку од начинот на кој го познаваат Французите и новинарите, како човек насмеан и секогаш подготвен да се шегува. „Пред една официјална државна вечера. Шефот на државата и вели на Валери Триервилер која се подготвува: „Ти одзема многу време за да бидеш толку убава?

– Да, малку.

– Во меѓувреме не бараме од тебе ништо друго“.

„Тој е студен. Повеќе не се смее. Јас сум неговата вредност, но не вредам.“ „Ми вели дека повторно ќе ме освои како што освојува избори“

Покрај официјализирањето на нивното „разидување“, Валери Триервилер тврди дека поранешниот невенчан сопруг се уште има чувства кон неа.

„Тој ми вели дека има потреба од мене, Секоја вечер, ме бара за да вечераме заедно.Ми вели дека сака повторно да ме најде, без разлика на цената која ќе ја плати…“

Според Триервилер откако Оланд падна во испитувањето на јавното мислење тој дневно и испраќа до 29 СМС пораки, како на времето кога беа среќни.

„Неговите пораки ми зборуваат за љубов. Ми пишува дека сум целиот негов живот, дека не може ништо без мене… ми вели дека ќе ме освои повторно како да сум на избори“.

“На Оланд, иако е социјалист, воопшто не му е гајле за сиромашните”, пишува понатаму Триервилер.

„Беззабнците“ на Оланд

“Тој се претставува како човек кој не ги сака богатите. Континуирано го потенцира тоа што е социјалист, Но всушност воопшто не му е гајле за сиромашните. Тој, кој е претставник на левите, ги вика сиромашните” беззаби “и потоа се смее на тоа” , пишува Трирвелор во своите мемоари “Благодарам за моментот”.

Книгата излегува следната недела.

„Се што напишав е вистина. Во Елисејската палата понекогаш чувстував како да правам репортажа. Премногу лаги преживеав и затоа нема да лажам- стои во воведот на книгата.“

Од 2007 година Оланд и Трирвелор беа партнери, без да се во брак. Трирвелор го придружуваше претседателот насекаде, дури ја нарекуваа Прва дама.

Во почетокот на 2014 година двајцата се разделија. Причина за тоа станаа фотографии објавени во таблоидот “Closer”, од кои стана јасно дека Оланд одржува паралелно интимни односи со актерката Жули Гаје.

Но оваа книга која ќе биде есенски бестселер во Франција, ги надминува сите случки и залети на краслките семејства на Англија, Шпанија или Монако обединети, со што Франција само повтрдува дека иако е една од најстарите републики, таа сепак фукнкционира како монархија. 

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата