Бездомник прнајде оружје во канта за смет во Париз

Од:

Еден бездомник пронашол помало количество оружје во канта за смет во близина на каналот Сен Мартен во Париз. Четириесет и тригодишниот маж веднаш ја информирал полицијата, која патролирала низ парискиот кварт.

Во кантата, во близина на плоштадот „Сталинград“, полицајците пронашле автоматски пиштол калибар 6,35 милиметри, четири бомби, 16 куршуми со различни калибри и тенковска мина М58, која се користи во француската армија.

Бездомникот изјавил дека претходно истиот ден „дрвен сандак полн со гранати“ бил однесен со камионот за смет. Полицијата брзо открила дека пронајденото оружје му припаѓало на колекционер кој живеел во квартот, по чија смрт неговото семејството сакало да се ослободи од арсеналот и го фрлиле во отпад, без да размислат за последиците.

Истражните власти истакнаа дека „тоа е несвесна постапка, бидејќи оружјето се уште е употребливо и можело да падне во погрешни раце“.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина