Безбедносните служби на САД го бранат надгледувањето на телефоните и интернетот

Од:

Раководителот на американските безбедносни служби Џејмс Клепер одлучно ја бранеше програмата на Владата на САД за надгледување и контрола, откако во јавноста беше откриено дека постојат податоци за снимки од телефонски разговори и интернет комуникација.

Во изјавата за медиумите, Клепер рече дека разоткривањето на еден таен судски документ, околу пристапот и прибирањето на податоци и сознанија од страна на безбедносните служби до телефонската и интернет мрежата, е „непоправлива штетна закана“.

Интернет компаниите веднаш реагираа со соопштение во кое категорично ја отфрлаат можноста дека тие им дале можност на владините безбедносни агенции да имаат пристап до нивнте сервери.

Реакцијата на Клепер доаѓа по откритието на американскиот „Вашингтон Пост“ и на британскиот „Гардијан“ за постоењето на еден „таен судски налог“, според кој од телефонската компанија Веризон е побарано да и им овозможи на безбедносните служби и пред се на Националната агенција за безбедност (НСА), достап до нејзините податоци, на „дневна основа“.

Двата весника твдат дека НСА и американското ФБИ имаат директен достап и до серверите на дури девет интернет компании, во рамките на програмата позната како Призм (Присм).

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД