По победата на владејачката партија на Сингапур на општите избори што се одржаа овој месец, премиерот на тој град-држава Ли Сиен Лунг, денеска назначи нова влада, која е во речиси ист состав како претходната, а во исто време ја објави можноста за одложување на неговото планирано пензионирање поради пандемијата Ковид-19.
– Многу ќе зависи од понатамошниот развој на настаните, а единствената работа што можам да кажам е дека ние ќе се справиме и со ова, рече 68-годишниот Ли, кој планираше да се пензионира пред да наполни 70 години.
– Ние сме во генерациска криза … затоа јас (во владата) задржав голем број на мои постари колеги, и сите се вклучени во борбата против Ковид-19, рече Ли, син на основачот на современиот Сингапур, Ли Куан Ју.