Берлускони разгледува можност да се кандидира на изборите за ЕП во Естонија

Од:

Поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони разгледува можност да се кандидира на изборите за Европскиот парламент во Естонија.

Во таа држава не се применуваат италијански закони кои му забрануваат да учествува на избори, а европскиот изборен систем нема механизам тоа да го спречи, јавуваат италијански медиуми.

Со италијанскиот закон забрането е осудени лица на повеќе од две години затвор да учествуваат на избори.

Берлускони на 1. август беше осуден на четири години затвор заради затајување данок, но казната веднаш му беше намалена на една година.

„Ил Месаџеро“ објавува дека Берлускони може да се кандидира во Естонија за европските избори каде неговиот пријател, богат бизнисмен Ернесто Преатон има големо влијание.

Во европскиот изборен систем не постои закон кој забранува некој да биде избран во ЕП во друга држава.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он