Берлускони повторно сака да биде премиер

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони повторно сака да се врати во премиерската фотелја и ја подготвува својата кандидатура за изборите кои ќе се одржат следната година, објави новинската агенција „Франс прес“.

„Одлуката е донесена: Берлускони уште еднаш ќе биде кандидат премиерската функција“, пишува агенцијата, откако актуелниот претседател на италијанската влада Марио Монти, потврди дека тој ќе се повлече во 2013 година.

Берлускони ја донел оваа одлука охрабрен и од резултатите на анкетите според кои шансите да победи му се проценуваат со 30% веројатност ако тој застане на чело на неговата партија „Народна слобода“ (Popolo della Liberta, PDL), наместо сегашниот партиски лидер, поранешниот министер за правда, Анџелин Алафано.

Повторното враќање на Берлускони на чело на партијата, Алфано го искоментира:

„Многумина бараат од Берлускони да го стори тоа, искрено и јас сум еден од нив. Мислам дека на крајот ќе одлучи да се врати“.

Според извештаите без Берлускони, ПДЛ ќе освојат само 10% од довербата на гласачите, а околу 18% ако Алфано одлучи да се кандидира за премиер, а Берлускони го поддржи него како лидер на партијата. Ако, пак, Берлускони се кандидира за премиер, може да освои 30%.

Изборите треба да се одржат во април 2013 година, кога Берлускони ќе има 76 години.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он