Берлускони осуден на седум години затвор

Од:

Судот во Милано  денеска го осуди поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони на седум години затвор поради аферата „Рубигејт“.

Во рамки на „случајот Руби“, наречен по младата Мароканка Карими ел-Маруг – Руби, 76-годишниот Берлускони беше обвинет за вмешаност во малолетничка проституција за време на „бунга-бунга“ забавите во неговата вила и за злоупотреба на службената должност при обидот за нивно прикривање.

Според одлуката на Судот, Берлускони нема да може до крајот на животот да извршува државни функции.

Поранешниот италијански премиер е обвинуван дека бил во врска со младата Мароканка додека таа се уште била малолетна, за што добивала подароци и готовина. И тој и Руби негираат дека имале сексуални односи.

Судскиот процес започна во април 2011 година, а до стапувањето во сила има уште две жалбени нивоа за пресудата – Апелацискиот и Врховниот суд.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он