Берлускони може повторно да се кандидира за премиер на Италија

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој ја напушти функцијата минатиот ноември, може повторно да се кандидира за премиер како лидер на партијата Народ на слободата (ПДЛ) на изборите во 2013 година, објави денеска италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Ова сценарио, според весникот, било претставено на синоќешниот партиски собир во неофицијалната римска резиденција на Берлускони „Палацо Грациоли“. На средбата биле разгледани и податоци од последните анкети, значајни според поранешниот премиер, бидејќи покажуваат дека без Берлускони неговата партија идната година нема да добие ниту 10 проценти од гласовите.

Ако ПДЛ на изборите како кандидат го претстави својот секретар Анџелино Алфано, кој се смета за „наследник“ на Берлускони, ќе може да очекува околу 18 проценти од гласовите. Доколку на чело на листата застане самиот основач на партијата, а ги вклучи Алфано и некои млади лидери, би можела да очекува околу 30 проценти од гласовите, покажуваат анкетите.

Таквиот резултат може да не биде доволен за Берлускони повторно да ја води земјата, но сепак ќе дозволи тој и неговата партија да играат значајна улога во идниот Парламент, особено ако биде формирана голема коалиција, наведува весникот „Кориере дела сера“.

Во текот на следните два месеци Берлускони ќе подготвува враќање на големата политичка сцена. Тој ќе работи на нова економска програма во својот дом во близина на Милано и нема да се врати на островот Сицилија. Се очекува во меѓувреме да го промени и името на неговата партија.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он