Берлускони излезе од болница и тврди дека е подготвен за изборната кампања

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска излезе од болницата во Милано, каде што му била извршена операција на цревата, додавајќи дека е подготвен да ја продолжи кампањата пред изборите за Европскиот парламент закажани од 23 до 26 мај.

-Сега ми е добро. Се исплашив, изјави Берлускони (82) откако ја напушти болницата каде што беше опериран на 30 април.

Берлускони, лидер на централно-десничарската Напред Италија, на крајот од март рече дека ќе се кандидира за европските избори, бидејќи сака да се бори за обединета Европска унија, која е лојална на визијата на своите основачи.

На поранешниот премиер на Италија му беше забрането да извршува јавна функција речиси пет години поради пресуда за затајување данок. Судот минатата година, наведувајќи го неговото добро однесување, пресуди дека може повторно да се кандидира.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија