Берлин: За идните односи со Лондон ќе разговараме по Брегзит

Од:

Преговорите за евентуален иден договор за слободна трговија меѓу Велика Британија и Европската Унија не можат да започнат се додека не се знаат прецизните рамки на разговорите во врска со заминувањето на Лондон од ЕУ, најави денеска портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.

Според Зајберт, германската канцеларка Ангела Меркел јасно кажала дека Велика Британија и ЕУ ќе продолжат „блиску да соработуваат“, но дека во преговорите меѓу Лондон и Брисел мора прво да биде расчистено како идната соработка меѓу двата субјекти ќе влијае на нивните интереси.

На редовната прес-конференција Зајберт најави дека пред да преземе или да сугерира каков било чекор во однос на идната соработка со Велика Британија, Германија внимателно ќе ги разгледа предлозите за преговорите што доаѓаат од останатите 27 земји членки на ЕУ.

Во средата при активирањето на членот 50 од Лисабонскиот договор, со што официјално започна процедурата за истапување на Велика Британија од ЕУ, британската премиерка Тереза Меј побара паралелно со преговорите за Брегзит, да се разговори за идните трговски односи меѓу Лондон и Брисел.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина