Берлин: ИД се инфилтирира во Европа преку бранот бегалци

Од:

Првиот човек на германската Федерална канцеларија за заштита на уставноста, Ханс Георг Масен тврди дека групата Исламска држава (ИД) го користи бранот бегалци за да ги инфилтрира своите бомбаши-самоубијци во Европа.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Берлин, двајца од самоубијците во Париз и уште двајца осомничени за подготвување терористички напади, со лажни пасоши добиле статус на азиланти и сега се во притвор во Австрија.

Масен смета дека ИД не ја користи бегалската криза за инфлиртрација на своите борци затоа што така е полесно, туку затоа што со тоа покажува моќ.

Според него, оваа терористичка организација сака да покаже дека и покрај повеќекратната регистрација на бегалците, терористите можат да влезат во Европа без проблем.

Дополнително ИД со тоа го дискредитира целиот процес на прием на азиланти, што предизвикува тензии меѓу јавноста и бегалците од чии редови потоа полесно може да се регрутираат терористи.

Канцеларијата за заштите на уставноста смета дека во моментов салафистичките групи и другите исламистички органзации во Германија се во „златна треска“, односно потрага по потенцијални соработници меѓу бегалците кои би биле погодини за самоубиствени напади.

Околу 230 луѓе досега биле контактирани од страна на радикалните служби со цел да бидат регрутирани за терористички операции, тврди Масен.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ